Renault Master – нова генерација

Мултиенергетска платформа и ефикасност

Renault го претстави новиот Master за кој нарачки ќе започнат да се примаат од пролетта, а првите примероци ќе пристигнат во втората половина на идната година

Новата генерација на Master има модерен изглед изведен по углед на патничките модели, на кој доминира маската со вертикални ребра а ЛЕД светлата се во облик на буквата С. Renault истакнува дека отпорот на воздух е намален за 20 отсто во однос на претходниот модел, што освен помалата потрошувачка обезбедува и пониско ниво на бучава во внатрешноста. При нејзиното конструирање пак најважен аспект по кој се воделе дизајнерите е практичноста заради што се среќаваат многу прегради во кои може да собере дури 135 литри. Пред возачот е заоблен кокпит, 10-инчниот екран на инфо-забавниот систем е стандарден, а централното седиште може да се преклопи и да случи како масичка.

Новата генерација на Master донесува широк дијапазон погонски склопови вклучувајќи и верзија на водород која ќе се појави во иднина. Дизели ги има четири со 105, 130, 150 и 170 KS и можат да се комбинираат со мануелен шестстепен или деветстепен автоматски менувач. Електричниот Master ќе се нуди со мотори од 130 или 141 KS и батерии од 40 или 87 kWh кои ќе обезбедуваат автономија од 180 односно 410 km. Можат да се полнат со струја од 130 kW, а возилото е способно да напојува надворешни уреди или пак да ја враќа електричната енергија во мрежата.

Master ќе се нуди во повеќе од 40 конфигурации добиени со комбинации на различните должини и височини, со товарен простор меѓу 11 и 22 m³ и носивост до 4 тони.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER