Renault – Kangoo Z.E.

Вести

Сé уште лидер!

Десет години на престолот на електричните комбиња

објавено 19. август 2021

Помина цела декада од појавувањето на првото потполно електрично комбе од еден големосериски производител. Оттогаш, и покрај зголемената конкуренција, тој остана број 1 меѓу електричните комбиња, со околу 60.000 продадени единици до денес. Веќе е најавен неговиот наследник кој ќе биде достапен од следната година. Kangoo Rapid E-Tech Electric се напојува со електричен мотор со моќност од 102 КС и ја црпи својата енергија од литиум-јонска батерија со капацитет од 44 kWh. Во зависност од стилот на возење, профилот на маршрутата и надворешната температура, ќе биде возможен опсег на WLTP од околу 265 километри. Само за конпарација, првата генерација на Kangoo Z.E беше лансирана во ноември 2011 година со мотор од само 60 КС и батерија од 22 kWh. Опсегот со целосно наполнета батерија беше 170 километри.