Renault има ново раководство

Renault има ново раководство

Карлос Гон е сменет и од раководните места во Renault

Објавено на 28 јануари 2019 година
Автор: Валентин Станеску

Два месеца откако јапонските власти го уапсија, Карлос Гон поднесе оставка во Renault. Неговите функции сега ќе ги извршуваат Жан-Доминик Сенард како претседател и Тиери Болоре како генерален директор. Со новата управувачка структура е предвиден и активен надзор над работата на алијансата, на чие чело сé уште се наоѓа Карлос Гон. Најмоќниот човек во автоиндустријата беше обвинет во Јапонија за лажно прикажување на своите примања и проневера на милионски суми пари. Тој веднаш по апсењето доби отказ од Nissan и Mitsubishi, но не и од Renault. Човекот-чудо како што го нарекуваа има мешано француско-либанско потекло, а е роден во Бразил. Кариерата ја започна во Michelin каде помина 18 години. Се приклучи на Renault во 1996-тата како потпретседател за набавки, напредни истражувања и инженеринг. Неговите неверојатно успешни резултати во преструктуирањето на компанијата за девет години го доведоа на самиот врв. Активно работеше и на формирањето на алијансата со Nissan, на која подоцна како еднаков партнер се придружи и Mitsubishi.

Според договорите што ги имаше, Карлос Гон годишно заработуваше 17 милиони долари. Доколку биде докажана неговата вина, му се заканува казна затвор до 15 години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER