Renault – Го зачини логото

Вести

Деветти пат во историјата

Новиот дијамант асоцира на електрика

објавено 13. март 2021

Ново дизајнираниот амблем на брендот во форма на дијамант за прв пат беше виден на предниот дел на неодамна претставениот Renault 5 Prototype. Новата  верзија на светски познатото лого на ромб се подготвува уште од 2019 година. Предизвикот беше, објаснува директорот за дизајн Жил Видал, „да се обнови оваа форма за да се проектира брендот во иднина“. Геометриската фигура на дијамантот се утврди како амблем на брендот Renault во 1925 година. Оттогаш, францускиот производител на автомобили го обнови своето лого не помалку од осум пати. Амблемот последен пат доби нов изглед во 1992 година, проследен со дискретно редизајн во 2015 година. Сега ромбот ја доживува својата деветта еволутивна фаза. Треба да се види на сите модели на Renault до 2024 година.