Renault го освежува Austral за да повеќе личи на Espace и Rafale.
Поминаа неполни три години кога Austral се појави на пазарот. Ова е значаен модел, па Renault се погрижи да направи ажурирања за да личи со своите браќа од компанијата.
Сега доби нови предни седишта и тапацирот обезбедуваат поквалитетен изглед. Austral во иднина ќе има и препознавање на возачи базирано на камера, што автоматски ќе ги активира вашите лични омилени поставки кога ќе влезете.
Покрај подобрената поврзаност преку Bluetooth, Apple Carplay и Android Auto, мултимедијалниот систем нуди нова графика и музика за добредојде развиена во соработка со легендата на електронската музика Жан-Мишел Жар.
Новите отворачи на вратите, различните основи на надворешните ретровизори и новата изолација на моторот, како и ламинираното стакло во предните врати (во зависност од опремата) ја намалуваат бучавата при возење.
Амортизерите со оптимизирани својства на амортизација, исто така, ја зголемуваат удобноста при возењето на новиот Austral. Не берете гајле, овие промени нема значително да ја кренат цената на и онака скапиот модел.