Renault – Arkana Hybrid

Вести

Засилување со струја

Од сега Arkana е достапна во хибридна верзија

објавено 25. јуни 2021

Ознаката E-Tech Hybrid 145 објансува сѐ! Но да повториме дека се работи за хибриден погон со вкупна сила од 145 коњи. Следуваат деталите. Погонот се состои од бензински мотор од 1,6 литри со моќност од 94 коњи и два електромотори со 15 и 36 kW, литиум-јонска батерија со капацитет од 1,2 kWh и напон од 230 волти. Со оваао комбинација кросоверот постигнува стандардна потрошувачка од 4,2 литри бензин на 100 километри. Ова одговара на емисиите на СО2 од 96 грама на километар.

Renault ветува дека благодарение на високите перформанси за регенерирање на енергијата, до 80% од сите патувања во градскиот сообраќај можат да бидат покриени чисто електрично. Главниот електричен мотор е интегриран во менувачот. Послабата единица делува како стартер-генератор и обезбедува непречено поврзување со моторот на внатрешно  согорување додека е Arkana во движење. Максималната брзина на Arkana E-Tech Hybrid 145 е 174 км/ч а забрзува од 0 до 100 км/ч за неамбициозни 10,8 секунди.