Kardian ќе биде откриен на 25 октомври
Новиот кросовер од суб компактниот сегмент на Renault премиера ќе има во Јужна Америка, а потоа и во бројни земји низ светот. На сосема новиот модел на Renault му требаше звучно име кое лесно се памети, приспособливо и читливо на бројни светски јазици, но во исто време име што ќе се поврзува со сила и агилност. Но, што всушност значи Kardian? Името на новиот модел доаѓа од првите букви на веќе постоечките имиња на модели на Renault. Новиот модел ја претставува стратегијата на Renaulution на меѓународно ниво. Името Кардијан евоцира на англискиот збор „Гардијан“ (чувар или заштитник), но исто така на динамичност и мобилност. За Renault Kardian допрва ќе слушнеме, а компанијата тврди дека со новиот кросовер од Б-сегментот ќе го зајакне своето меѓународно присуство, по моделите Austral, Alaskan и Rafale.