Со воведувањето на новиот корпоративен идентитет, Land Rover го враќа Range Rover како сопствен бренд!
За да го обележи повторното репозиционирање на луксузната теренска марка во сопствените рамки Land Rover ја лансира најсилната сериска изведба на Range Rover.
Честа му припадна на моделот Sport кој го доби беџот SV и стана нова врвна изведба. Тоа му го овозможи 4,4 литарскиот V8 твин-турбо мотор кој испорачува 635 КС. Луксузниот теренец спринта од нула до 100 км/ч за 3,8 секунди а брзинометарот се искачува до 290 км/ч.
Досега ниту еден Range Rover не понудил повеќе. Со цел безбедно да ги донесе високите перформанси на патот, Sport SV има ново развиен о подвозје 6D Dynamics со хидраулични амортизери. Каросеријата е аеродинамички оптимизирана и има новопрофилирани површини.
Хаубата е направена од јаглеродни влакна за намалување на тежината. Јаглерод-керамичките сопирачки на Brembo располагаат со ексклузивни SV клешти со осум клипови достапни во различни бои.
Land Rover наведува дека стандардната потрошувачка со благиот хибриден систем достигнува 12,5 литри на 100 километри. Ова ја намалува емисијата на CO2 за околу 15 проценти до 282 грама на километар. Има уште неколку пикантерии.
Лопатките за менување на преносите зад воланот имаат интегрирано осветлување. Уникатни се и предните седишта наречени Тело и душа. Тие се споени со звучниот систем Meridan и не само што генерираат hi-fi аудио вибрации во потпирачите за грб, туку имаат и велнес функција за која, врз основа на специјално снимени звуци имаат смирувачки ефект врз отчукувањата на срцето.
Покрај најсилната изведба SV, Range Rover Sport ќе има бројни ажурирања, како што е помоќниот електричен мотор од 160 kW за приклучните хибридни погони со системски моќност од 460 и 550 КС како и ажуриран инфозабавен систем.
Во првата година на производство, новиот Range Rover Sport SV ќе е достапен само по покана на марката која ќе ја упати до избрани клиенти и таа серија ќе се нарекува Edition One.



