Range Rover – Пристигна монархот

Петтата димензија на луксузот

Веќе пет децении Range Rover е синоним за теренски карактеристики и луксуз. За ова временска дистанца не само што успеа да се наметне како апсолутен владетел во сé поголемото друштвото на раскошни теренци, туку стана статусен симбол и работа што мора да се поседува за успешните. Неколку месеци по неговата глобална комерцијализација имаме задоволство да го запознаеме од прва рака. Аутомобили Груп, увозникот на Jaguar Land Rover, за македонските автомобилски сладокусци ја обезбеди „Autobiography“ изведбата која е достојна во неа да се возат монарси. Смелиот дизајн вкомпониран во монументалната каросерија делува како магнет на погледите и маѓепсува со неговата појава. Луксузот во интериерот ја покажува педантноста и естетиката типични за британскиот стил на завршна обработка. Во него јасно ставено е до знаење дека врвната технологија секогаш била дел од возилата на  најпосакуваниот луксузен теренец. Во него списокот на системи е извонредно долг, па треба да се подели во неколку групи. Најинтересните се конективните можности и аудио-визуелниот систем за забава кој е еден од најнапредните што може да се добие на тркала. А кога сме кај тркалата мора да се истакнат извонредните електронски асистенти со повеќе програми за возење во секакви сценарија, па најголема главоболка на купувачите не е да го возат на терени што многумина ниту пеш не би го поминале туку како да дојдат до еден Range Rover. Најтемелни информации ќе добиете во македонската резиденција на британската марка. Бидејќи листата на стандардна опременост и дополнителни опции е необично богата, тешко е да се каже колку чини Range Rover од петтата генерација. Сигурно дека почетната цена е далеку над 150.000 евра а таа може да дојде и на 500.000 во највисокото ниво на луксуз, опременост и пиротехничка заштита. Повеќе за петтата генерација на Range Rover можете да добиете на https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-highlights

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER