Rally Dakar – Toyo на тронот со Team Land Cruiser Toyota

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Победа износена од Toyo

Возните својства на Land Cruiser и искусниот тим на Toyota триумфираа со помош на пневматиците Toyo

Секој триумф на Релито Дакар е за голема почит. На годинешното издание одржано во првите две седмици на месецов во Саудијска Арабија Тоуо го опреми тимот на Toyota со своите Open Country M/T-R пневматици креирани за теренски трки. Нив во димензии 285/70R17 116/113P ги користеа две возила на Team Land Cruiser, едното управувано од Миура Акира и Лорен Лихтлојтер, а другото од Роналд Басо и Жан Мишел Полато.

Релито Дакар е трка во која учесниците во извонредно стресни услови поминуваат растојание од над осум илјади километри. Покрај песочните дини и карпестиот терен, ситуацијата на патиштата дополнително ја влоши дождот во некои делови, а во овие тешки услови изборот се покажа како оправдан. Toyo Open Country M/T-R демонстрира високи возни перформанси и висока отпорност на надворешни оштетувања. Двајцата учесници на TLC успешно ја завршија трката, додека Миура и Лихтлојтер го зазедоа првото, а Басо и Полато второто место во категоријата комерцијални возила. Со овој триумф Миура и Лихтлаутер ја обезбедија деветтата победа во низа во категоријата комерцијални возила.

Во среднорочниот план за 2021 година, Тоуо најави дека ќе работи на зајакнување на развојот на производи со уникатен дизајн и функционалност, како што е серијата Open Country. Во иднина ќе се продолжи да се применува знаењето стекнато преку трки за развој на атрактивни производи со уште подобри перформанси и уште подобар квалитет. Во цивилниот живот серијата Open Country е дизајнирана првенствено за теренски возила. Постигнати се одлични резултати на многу меѓународни натпревари и усовршена е отпорноста на надворешни влијанија. Високите перформанси и дизајнот на овие пневматици се особено ценети во Северна Америка, каде што теренските возила се вообичаена појава со децении наназад. Сите нови модели на пневматици од Тоуо Tires може да се најдат во Мотоцентар. За повеќе информации на www.motocentar.com.mk

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER