Ќе се збогати ли европскиот пазар со уште една марка?
Малезискиот производител на возила Proton се подготвува за голема глобална експанзија која ќе го врати и на европскиот пазар, пред сé во Велика Британија каде во својот претходен настан на Стариот континент беше доста успешен. Ширењето кое е планирано ќе опфати и други пазари каде се вози по левата страна на патот, како што се Австралија и Нов Зеланд, за што ќе биде воспоставена нова производствена база која моментално е во изградба со помош на повеќе милијарди долари инвестиции обезбедени од сопствениците на марката, кинескиот Geely и малезискиот индустриски конгломерата DRB-HICOM Berhad.
Proton во моментов има неколку модели во понуда, од кои поголемиот дел се базирани на кинески автомобили. Во производство сé уште се три традиционални модели од времето кога компанијата соработуваше со Mitsubishi, но тие сигурно нема да бидат ударни сили на експанзијата.



