Возниот парк во Европа старее

Според податоците на асоцијацијата на производители на возила во Европа просечната старост на автомобилите изнесува 12,5 години

Најнови автомобили од 8 години се возат во Луксембург, следи Австрија со 9,3 години, додека најстарите од 17,5 и 16,2 години се во Грција и Чешка. Од најавтомобилските нации Германија, Велика Британија и Франција со 10,3, 10,6 и 11,2 години се под просекот а Италија и Шпанија имаат по 12,8 односно 14,2 години стари автомобили. Кај доставните возила просечната старост изнесува 12,7 години. Гледано по држави најнови комби возила стари само 7 години се возат во Австрија и Луксембург а најстарите со 21,1 и 16,3 години просечна старост се во Грција и Романија. Камионите во просек се стари 14,1 години при што Австрија и Грција со 6,8 и дури 22,6 години повторно се на спротивните страни на листата. Во овие две земји автобусите просечно се стари 5,8 односно 17,6 години а на ниво на унијата 12,2 години. Од Америка пристигнуваат вести дека автомобилите просечно им се стари 14,5, а лесните камиони 11,9 години, а во Македонија пак според официјалните податоци автомобилите просечно се стари 19,4 години, товарните возила 17,4 а автобусите 18,8 години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER