Продажба на возила – изненадувања на врвот

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Golf 35-ти, Clio 1-ви

објавено на 22 декември 2021 година

Аналитичката куќа Jato Dynamics го објави својот ноемвриски извештај за продажбата на нови возила во Европа, според кој се продадени 855.281 нов автомобил што е опаѓање за 18 отсто во однос на истиот месец лани односно за 29% во споредба со ноември 2019-тата. На него освен отсуството на Golf од топ-10 листата забележливо е што бројките на првите четири најпродавани модели се разликуваат за едвај 184 примероци. Прв на листата е Renault Clio кој стигна до 16.353 купувачи, следен од Dacia Sandero со 16.263. Зад него со само 2 возила помалку е Peugeot 208, а четвртопласираниот 2008 има 16.169 продажби. На петтото место е VW T-Roc со 15.234 продадени возила, а понатаму следат Fiat 500  (13.255), Opel Corsa (12.831), Citroen C3 (12.455) Hyundai Tucson (12.408) и Dacia Duster (12.351). Вечниот владетел Golf со своите 6.755 продажби е длабоко зад сите нив, дури на 35-тото место.

Jato Dynamics понатаму вели дека 53 отсто од продадените возила се на бензин, само 18 на дизел, а 26 отсто електрични и електрифицирани, меѓу кои најпродавани се плаг-ин верзијата на Peugeot 3008 (3.855) и Tesla Model 3 (10.739). По производители преовладува Volkswagen групата со 182.148 продадени возила, пред Stellantis со 169.094 и Renault-Nissan со 114.600. Другите се далеку зад нив.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER