ПРЕМИЕРА : Alfa Romeo Milano

Milano е новиот кросовер на Alfa Romeo, има електричен и погон на согорување. Најсиланата изведба е Veloce со 237 коњи.

Позициониран под Tonale, кон крајот на годинава пристигнува на пазарот најмалиот член на семејството Alfa Romeo, заводливиот Milano. Иако ја користи истата платформа како Jeep Avenger и Fiat 600, Alfa Romeo Milano зазема поспортски став за да се разликува од останатите роднини од групацијата Stellantis.

Целта на Alfa Romeo со новиот кросовер Milano е да ја освои новата генерација потрошувачи со прифаќање на најновиот дизајнерски стил кого миланезите го нарекоа Biscione. Инаку, Biscione e божествена змија, историски симбол на градот Милано, кој е дел од грбот на Alfa Romeo.

Можеби изгледот малку е повпечатлив од неговиот поголем брат Tonale. Milano може да се пофали со визуелно привлечна естетика која се карактеризира со сложени форми и смели детали.

Предниот дел има прилично нападен изглед поради издолжените матрични LED светла кои се меѓусебно поврзани со тенки доводи преку темни облоги. Новата решетка е делумно покриена во целосно електричната верзија, што сигнализира почеток на нова ера.

Профилот на Milano го карактеризира затегнатата силуета и големите тркала. Впечатокот на компактен шмекер е финализиран на задниот дел каде светлата се поврзани и формираат спортска опашка, решение што дава добра динамична завршница на компактната каросерија.  Со димензии 4,170 мм должина, 1,780 мм широчина и 1,500 мм висина, Alfa Romeo Milano е долг како Fiat 600.

Внатрешноста може да се пофали со дигитален кокпит опремен со два дисплеи од 10,25 инчи. Од клишето на групацијата Milano се одвојува со карактеристичната графика на инфозабавниот систем и дигиталната инструмент табла. Опционалниот спортски пакет вклучува седишта пресвлечени со алкантара.

Milano Ellettrica Veloce е врвниот модел, задвижуван со електро-мотор со 177 kW. Моќта се испорачува на предната оска, со помош на механички самоблокирачки диференцијал. За Veloce подвозјето е посебно дотерано со спортската суспензија, спуштена за 25 мм споредено со останатите изведби на Milano.

Дополнително, предните сопирачки имаат поголеми дискови и четириклипни моноблок клешти. За оние што сакаат порационално ЕВ наменета е верзијата Ellettrica со 115 kW. И двете се напојуваат од литиум-јонска батерија од 54 kWh што нуди автономија до 410 километри според WLTP и поддржува до 100 kW брзини на полнење.

За разлика од другите модели на Stellantis, Alfa Romeo Milano нема да се нуди само со мотор со внатрешно согорување, што значи дека нема да доаѓа со мануелен менувач. Milano Ibrida ќе пристигне во 2025 година со 1,2 литарски турбо-бензински мотор не толку достоен за имиџот на Alfa Romeo. Неговите 136 коњи се добиваат со помош на благ 48 волтен хибрид со  електричен мотор интегриран во шестстепен автоматски менувач со двојна спојка од кого се добиваат 28 КС.

Силата ќе се пренесува на предните или на сите четири тркала. Alfa Romeo Milano на пазарите во ЕУ ќе стартува со цена пониска од 30.000 евра, а нарачките започнуваат месецов. Сепак, купувачите ќе мора да се стрпат за испораките кои се најавени кон крајот на годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER