Практикантите на Škoda на дело го покажаа наученото
Објавено на 11 јуни 2018 година
На практикантите на Škoda им требаа девет месеци но успеаја да направат уникатен концепт на кабриолет-кросовер. Како основа им послужи Karoq, кој после оваа трансформација ја доби ознаката Sunroq. За жал тешко дека нешто конкретно ќе се изроди од овој уникат, што навистина е штета. Обработен до последните детали, овој летен теренец просто мами да се провозите со него. За тоа ќе послужи стандардниот 1,5 литарски TSi мотор, кој ги задвижува двобојните тркала од 20 инчи. Црвените сопирачки клешти и ентериерот во доминантно бела боја создаваат складна визуелна целина во која не се забележува дека каросеријата и понатаму има четири врати. Тоа можеби и не е така како би сакале 23-цата негови креатори, но сепак мора да им оддадеме почит за нивното дело.