Моторцикл со лудо висока цена

После хиперавтомобилот, реинкарнираната чешка марка Praga претстави и ексклузивен мотоцикл.

Изведен е како модерна верзија на модел од 1928 година, заради што и ќе биде направен во точно 28 примероци.

Со хромирана висококвалитетна челична рамка, издувен систем од титаниум и уникатни карбонски тркала, Praga ZS 800 како што му е ознаката тежи само 142 килограми. Моторот е двоцилиндричен паралелен со 4 вентили и 50 коњски сили, а менувачот петстепен.

Сопирачките се хидраулични барабан, а ретро карактеристики има и ослонувањето. Како што наведуваат Чесите, испораките ќе започнат кон средината на годинава по цена од околу 85.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER