Setra S 531 DT (со видео) :: Повторно на тронот

Повторно на тронот

По кратка пауза Setra повторно загосподари со високата туристичка класа автобуси
Објавено на 26 февруари 2018 година

На тронот што го заслужува Setra се искачи со новиот двокатен модел S 531 DT од топ-класата, чии први испораки го оправдаа чекањето на купувачите на неговата нова генерација. Овој 14-метарски автобус располага со сиот комфор што може да им се понуди на 83-ца патници колку што собира. Најголемо внимание е посветено на изборот на материјали и изолацијата, што ги прави удобни дури и долгите континентални патувања. За безбедноста се грижат бројни системи за асистенција, Setra S 531 DTмеѓу кои и за прв пат во еден автобус активни сопирачки кои сами дејствуваат во случај на непосредна опасност. Од Setra наведуваат дека неговиот 13-литарски мотор со 510 коњски сили годишно ќе заштеди и до три илјади литри гориво во однос на претходникот. Во тоа заслуга има и 8-степениот роботизиран менувач со специјално прилагоден софтвер. Не е запоставена ниту аеродинамиката, заради која овој врвен модел на германскиот производител се разликува од другите во топ-класата. Setra S 531 DT е најголемиот автобус од петтата генерација на оваа компанија.

Setra S 531 DT

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER