Посвеж и помодерен
Објавено на 28 јуни 2018 година
За новата моделска година Audi A4 доби посвеж и помодерен изглед. Затегнувањето на брчките е скромно и измените може да ги забележи само острото и тренирано око. Главниот акцент е ставен на поизразениот спортски настап така што Audi A4 сега најубаво изгледа со S-Line пакетот опрема. Поагресивните браници и новиот дизајн на тркалата ја зголемија атрактивноста без многу задирање во елегантните линии на лимузината и караванот. Внатрешноста нема со што ново да се пофали, а најверојатно исти се останати и моторите, за кои засега нема информации.