Додуша само на хартија
За да не плаќа скапи пенали заради високите просечни емисии на јагленород диоксид на европскиот пазар, Porsche најде кинески партнер. Изборот падна на XPeng чиј најголем дел од продажбата се електрични возила со што му остануваат уште големи количини еколошки квоти со чие отстапување на Porsche ќе заработи добро. Ваквиот начин на здружување колку да изгледа сомнителен во целост е во согласност со законите – го смислија европските политичари за со екстра приходи да ги наградат автокомпаниите кои продаваат поеколошки возила стимулирајќи ја на тој начин нивна стратешка определба. Porsche пак кој се соочува со недоволно учество на електричните возила во вкупната продажба бележи високи просечни емисии на јагленород диоксид заради што и падна одлуката во оваа и наредната година своите продажни резултати да ги здружи со XPeng.
Европската унија ги применува овие правила од 2021 година. Целта е постигнување просечни 93,6 g/km јагленород диоксид, но лимитот според доста комплицирана формула се одредува за секоја марка посебно. Пречекорување се казнува драстично – по 95 евра за секој екстра грам за секое продадено возило. Се проценува дека без ова еколошко здружување германскиот производител за периодот 2025-2027 година ќе мора да плати околу 1,5 милијарди евра.


