Porsche стана акционер во Rimac!
Со откупувањето на 10% од акциите на Rimac, Porsche даде силен придонес за идниот правец на развој на хрватската компанија
Објавено на 20 јуни 2018 година
Стремејќи се кон развојно партнерство со хрватската компанија за технолошки и спортски автомобили Rimac, Porsche инвестираше во неа откупувајќи 10% од акциите. Иако не ни е тешко да ги претпоставиме, во соопштението од Porsche ништо не се наведува за причините за оваа тотално изненадувачка и неочекувана одлука. Место тоа, се прераскажува историјата и подемот на Rimac како (непризнат) предводник на технолошкиот развој на електричните технологии. Финансиски детали за договорот воопшто не се споменуваат.