Porsche – Performancebox

Вести

Го оправдува името

Тестиран во воздушен канал, покривниот багажник издржа брзина од 200 км/ч

објавено 10. мај 2021

Porsche нуди новоразвиена „перформансна кутија за покриви“. Прво беше испробана и тестирана на новиот Taycan Cross Turismo за да издржи брзина до 200 км/ч за што се вложи многу напор во аеродинамиката. Покривната кутија е достапна во црна и три други бои. За разгалените купувачи можно е да се нарачаат носачите во индивидуална боја на возилото. Покрај уникатниот дизајн, специјалната прилагодливост и перформансите карактеристични за брендот, фокусот на новата покривна кутија беше насочен кон едноставното ракување и високото ниво на соодветност за секојдневна употреба. Покривната кутија има капацитет од 480 литри и може да се отвори од двете страни. Основната цена е нешто помала од 1370 евра.