Porsche Panamera GTS :: Колку за загревање…

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Колку за загревање…

Porsche започна со најавување на своите новитети за Лос Анџелес
Објавено на 17 октомври 2018 година

Салонот на автомобили во Лос Анџелес сé уште е далеку, но Porsche веќе ја заскокотка јавноста со своите новитети. За почеток со GTS верзиите на новата генерација на Panamera, чиј четирилитарски V8 агрегат е засилен на 460 коњски сили. Бројката е за само 20 повеќе од шестцилиндричната Panamera 4S, но затоа вртежниот момент порасна за 70 њутн-метри. Со погон на сите тркала и осумстепената PDK трансмисија забрзува до сто на час за 4,1 секунда, а и достигнува максимални 292 километри на час. Подобрувањата продолжуваат и под кожата на Panamera GTS. Таа стандардно е опремена со активен воздушен систем за ослонување кој ја спушта каросеријата за 10 милиметри. Сопирачките се поголеми – предните дискови се со дијаметар од 390, а задните 365 милиметри. Измените во внатрешноста се скромни и ограничени на пософистициран избор на материјалите. Внимание треба да привлече и новиот head-up дисплеј за кој од Porsche не кажаа многу. Колку е подобар од претходниот ќе дознаат купувачите кои за овој спортист во смокинг ќе платат 140 евра.

Вистинскиот новитет за Лос Анџелес – новата генерација на 911, Porsche сепак го чува во тајност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER