Porsche – Идниот кросовер ќе биде бензинец

Од Porsche конечно признаа дека со лансирањето на Macan исклучиво како електричен модел е направена грешка која се подготвени да ја исправат.

За нов кросовер во гамата позициониран под Cayenne се зборуваше уште пред повеќе години но тогаш приказната не отиде подалеку од шпекулации.

Единственото што беше сигурно е дека компанијата нема така лесно и брзо да одлучи што да понуди. Но со оглед на сегашната ситуација јасно е дека идејата да се има уште еден бензински кросовер ќе стане реалност. Вистината лежи во тоа што продажните резултати на Macan отсекогаш беа добри и требаше да продолжи во иднината како таков.

За тоа да се случи техничката основата сега ќе се бара кај Audi и можеме да очекуваме тој да биде преработен Q5. Но заради веќе направеното новиот модел кој треба да го очекуваме дури во 2028-мата ќе добие и ново име. Според изменетата стратегија Porsche ќе продолжи да се ослонува на моторите со внатрешно согорување на многу подолг период отколку што изворно беше замислено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER