Скоро двојно повеќе сила!
Формула Е болидот од новата генерација кој Porsche го претстави за настап во наредната сезона располага со сето потребно. Конструктивно главната измена е додавањето на втор електромотор од 340 коњски сили на предната оска. Тој ќе обезбеди и дополнителна ефикасност преку поголемата регенерација на енергијата, која се очекува да достигне учество од 40 отсто. Електромоторот на задната оска ќе испорачува 476 коњски сили, со што вкупната системска моќност на новата генерација формула Е болиди ќе изнесува 816 коњи. За конструкцијата на телото ќе бидат користени рециклирани јаглородни влакна, а максималната брзина е ограничена на 320 километри на час. Новата сезона на формула Е шампионатот кој се одржува од 2014-тата треба да за започне во декември годинава.