Pininfarina – Prototype Battista

Најсилниот италијански серијски автомобил!

Закажана премиера за втората половина на годината

објавено 04. февруари 2021

Automobili Pinifarina ги интензивира финалните тестирања на хипер автомобилот Battista GT. На патеката Нардо зад управувачот на моќната молња од 1.900 КС е Ник Хајдфелд кој ги донесува во крајни граници можностите на автомобилот со цел да се направат фини подесувања за перфектно функционирање на тркачка патека или пак во секојдневен сообраќај. Дизајнерското студио Pininfarina има долга историја и во изработка на серијски, а уште повеќе на малосеријски модели. Затоа каросеријата на Battista ќе се прави рачно во компаниското атеље во Торино.

За новиот хипер автомобил се користат четири водено ладени електро-мотори сместени во секое тркало па така се добива погон на сите тркала. Тие својата сила од 1.900 коњи ја црпат од 120 kW/h батерија на хрватскиот Rimac и овозможуваат автономија од 450 километри. Цената на чинење се чува за промоцијата која се очекува летово, а наместо неа од Pininfarina потенцираат дека Battista е најмоќниот хомологиран автомобил за секојдневна употреба развиен, дизајниран и произведен во Италија. Згора на тоа производството нема да ја надмине бројката од 150 рачно изработени примероци, а првите испораки за клиентите ќе се случат во подоцна годинава. Во продолжение е видеото со впечатоците на автомобилскиот ас Ник Хајдфелд

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER