На мака се познаваат јунаците
На мегдан и во 2021
објавено 30. ноември 2020
Иако пандемична и со многу кратења, сезоната 2020 од таборот на Peugeot Sport Customer Racing се оценува како успешна. Последната трка на Европскиот TCR шампионат на патеката во Jarama ја заокружи со две места на подиумот. Отежнатите услови од пандемијата „Ковид-19“ прво ја одложи а потоа и скрати сезоната во TCR шампионатот каде на европската сцена, Peugeot 308 TCR ја истакна целата своја раскош. Вкупно пет места на подиумот им припаднаа на Jулиен Брише и Теди Клер, додека Стефан Вентаја го освои трофејот Yokohama во класата „Diamond“ доделена во Gentlemen Drivers. Перформансите на Peugeot 308 TCR го привлекоа вниманието на данскиот тим Brian Madsen Sport кој потврди дека најмалку пет автомобили ќе учествуваат во националниот TCR шампионат за 2021 година. Австралискиот тим Garry Rogers Motorsport подеднакво одлучи да го потврди учеството на локалното првенство во ТСR, одржувајќи ги трите автомобили во добра состојба за 2021 година. Воедно тоа е најава дека Peugeot Sport и догодина ќе биде присутен во автомобилските арени!



