Тимот Peugeot TotalEnergies не го оствари посакуваниот резултат на 94-то издание на 24-часа Le Mans, но имаше добра причина за славје.
Cпортското одделение на Peugeot ја одбележа стогодишнината од првото учество на легендарната трка. Без потребното темпо на квалификациите, двата болида Peugeot 9X8 го
обезбедија 16-то и 18-то место на стартната линија пред почетокот на трката во саботата, 13 јуни. Шесте возачи останаа целосно фокусирани во текот на целата 24 часовна трка. И покрај промената на задниот дел на автомобилот #94 и казната „drive-through“ на #93 во текот на ноќта, тимот изврши контролирана и дисциплинирана трка од почеток до крај.
И двата болида PEUGEOT 9X8 стигнаа до целта на една немилосрдна трка, нагласувајќи ја сигурноста.
Спектаклот во Ле Ман Peugeot го искористи да објави дека брендот ќе соработува со организаторите на трката. Ова партнерство ќе резултира со специјално издание Peugeot Le Mans на моделите 208, 308, 408, 3008 и 5008.
Возилата ќе бидат обоени во длабоко црна боја, нагласени со карактеристичната сина боја на Ле Ман. Моделите од специјалното издание се базираат на нивото на опрема GT.


