Цар на патничките автомобили!
Со податоците од пазарот за септември потврдено е лидерското место.
објавено 05. октомври 2021
Peugeot останува и во септември на позицијата број еден во сегментот на патнички автомобили со пазарен удел од 17,3% во првите девет месеци од 2021 година. Овие резултати ги вклучуваат сите возила во гамата, а особено Peugeot 208, кој останува најпродавано возило во Франција, како и останатите модели 2008, 3008, 5008 и 508, што овозможија брендот да ја консолидира својата лидерска позиција во овој период. Peugeot е исто така лидер во продажба кај големите корисници – компаниите, во првите девет месеци од 2021 година. На пазарот за патнички возила што порасна за 3,9%, Peugeot имаше пазарен удел од 17,3%. На пазарот на лесни комерцијални возила остварен е дури поголем ефект со удел од 17,9%.