Peugeot – Focal

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Врвна акустика за купувачите на компакти

Акустичното искуство директно влијае во изборот на автомобил, па многу „волуменски“ производители започнаа да обврнуваат големо внимание на аудиофилското доживување

Здружувањето на силите на Peugeot и Focal е со цел да се постигне идеално озвучување во кабините на патничките возила. Од 2014 двете француски марки соработуваат во изнаоѓање на најдобри можни решенија во повеќе комерцијални модели. Последната се однесува на компактниот 308 за кого Focal, експерт за високопрецизна акустика, изготви нов систем резултат на повеќе од четири години заедничка работа. Совршено интегриран во Peugeot i-cockpit, тој нуди посебно звучно искуство, комбинирајќи го задоволството од совршено јасниот звук со задоволството при возење. Тимовите извршија заедничко проучување на стратешките делови на автомобилот (дефиниција на врати, решетки, украси, застаклување, итн.), за да се гарантира најдобрата изведба во патничкиот простор. Ништо не е оставено на случајноста, сè до структурата на багажникот кој го интегрира сабвуферот. Во внатрешноста, звучната атмосфера е стабилна и прецизна, гласовите се јасни и детални, а басот е длабок и впечатлив. Tаквиот резултат се доби не само со правилно распоредување на звучниците и нивниот звучен опсег, туку и нивната изработка. Употребени се композитни материјални од чие аплицирање не профитира само издржливоста туку и квалитетот и чистотата на звукот. Аудиофилското доживување на музиката сега повеќе не е привилегија само во премиум класата на возила. Peugeot и Focal истото чувство го овозможуваат на флотните и приватните купувачи во вкупно седум модели.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER