Peugeot e-208 Electric Business Car 2021

Занимливости

27-ми трофеј за 208

Од појавувањето во октомври 2019 Peugeot 208 жнее награди

објавено 13. февруари 2021

Веќе добро згазнавме во 2021 а резултати од секакви избори за нај автомобил се уште пристигнуваат. Во Франција по шести пат се одржува “Business Trophies” на иницијатива на списанието „Kilomètres Entreprise“. Електричниот 208 во конкуренција на уште 11 адекватни автомобили победи во категоријата „Electric Business“. Ова е 27 победнички трофеј за малиот 208 кој наспроти своите димензии се покажа како автомобил со зашеметувачки дизајн, дарежлив внатрешен простор, опремен е со врвна технологија и е еколошки. Дури и моторите на внатрешно согорување што се вградуваат во него се под дозволениот максимум на штетни издувни гасови.