Дизајн и технологија што доаѓа во 2027 година

Со минатонеделната најава на концептот Polygon францускиот бренд ја погреа иманигацијата на љубителите на четири тркала.

Вчера од Елисејските полиња дојде детален приказ на иднината што ја најавува Peugeot, а таа се однесува на новиот дизајнерски јазик, новите технологии што ќе бидат имплементирани во идните модели и, според редоследот на обновувањето на моделската палета, можеби дава срамежлива најава за следната генерација на 208.

Да не одиме до толку далеку. Јасно е дека Peugeot конкретно не го спомена идниот 208, но јасно е дека она што го гледаме ни дава некои силни показатели и за дизајнот и за техничкиот состав на популарниот модел од следната генерација што треба да се појави во 2027 година.

Секако, екстра долгите врати во облик на крилја ќе бидат заменети со четири конвенционални во серискиот производ. Но, целокупниот дизајнерски јазик, стегнатиот струк, широките рамена, големата стаклена површина и фокусот на рециклирани материјали, сето тоа укажува каде се движи големо-серискиот супермини и сите идни модели на Peugeot.

Детали како приклучокот за полнење и LED индикаторот за статус на полнење во Ц столбот  изгледаат како силни кандидати за производствен третман, како и хоризонтално ориентираното преосмислување во духот на дигитализацијата на сега веќе познатиот светлосен потпис што јасно асоцира на лавовска канџа.

Сепак, ентериерот на Polygon е она на што Peugeot навистина сака да се фокусираме. Тој добива верзија од следната генерација на внатрешноста i-Cockpit, која веќе една деценија ги поставува инструментите над воланот за да ги направи повидливи за возачите.

Тука, целото ветробранско стакло станува инструмент табла и екран за инфозабава што е еквивалентно на 31 инчен дисплеј. Врвот на експресијата, сепак, е правоаголниот управувач Hypersquare, нешто што Peugeot почна да го најавува на концепти пред неколку години.

Секој од четирите кругови во воланот е капсула што содржи клучни контроли, а технологијата за управување преку жица значи дека соодносот на ротацијата на воланот може да се менува и да го сведе на само една вртење при брзини на паркирање.

И воланот и технологијата за управување преку жица што го „поврзува“ со погонските тркала ќе дебитираат во сериски модел на Peugeot до 2027 година, вели компанијата, што значи и се надеваме, следниот 208. Секогаш било неблагодарно да се предвидува иднината.

Сепак сите прсти се вперени кон 208. И не случајно. Малите по димензии модели во историјата на Peugeot секогаш биле Голијати на пазарот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER