Де, погоди кој е?!
Во финалната фаза тестирања на новиот 3008, Peugeot ја повикува јавноста да ги избере дизајните на камуфлирањето
Секој автомобил пред да биде лансиран поминува низ реални тестирања во секакви услови и патишта. Изненадувањето да биде задржано за премиерата овие примероци се прекриваат со маскирни шари. Така се крие каросеријата и неможе да се открие вистинскиот изглед на возилото. За да крене повеќе прашина и да вклучи голем дел од јавноста Peugeot направи несекојдневна акција. Дизајнерите подготвија 10 иновативни предлози за камуфларање со кои ќе ги сокрие деталите на мачкастите форми на новиот Peugeot, а во исто време да ги разбудат емоциите. Инспиративен и оптимистички е пристапот кон графичкиот дизајн кој докажува дека „Светот е многу подобро место со Allure“. Во првата фаза, која ќе трае до до 31-ви мај, јавноста за прв пат ќе може активно да учествува во изборот на камуфлажи за новиот 3008. Од десетте предлози шест ќе бидат аплицирани. Пред да се случи премиерата закажана за септември, помеѓу 1-ви јули и 15-ти август, камуфлираната тест флота на новиот Peugeot 3008, ќе биде забележана на патиштата низ Европа. Оние што ќе имаат среќа да видат камуфлирана 3008-ка се покануваат да ја фотографираат и да ја објават сликата на профилот на PEUGEOT на социјалните медиуми Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn со хаштаг #CAMOCATCH.


