Peugeot 9X8 – Нов имиџ за новата сезона

Peugeot Sport го претстави новиот изглед на своите болиди #93 и #94 за годинешната сезона во Светското првенство на издржливост на FIA (WEC)

Пред првата трка долга вкупно 1.812 километри закажана за 28 март во Катар, Peugeot го претстави новиот изглед на Peugeot 9X8 изработен во блиската соработка помеѓу Peugeot Design и Peugeot Sport. Впечатливата нова интерпретација на „Hypergraphs“ е дизајнирана да го изрази јазикот на перформансите на Peugeot Sport.

Hypergraphs служат како динамична интерпретација инспирирана од мотоспортот, од култиниот мотив на канџите на Peugeot, препознатлив елемент кој се наоѓа кај сите модели на брендот. Сочинет од бела, црна и црвена, всушност ги презема историските бои првпат понудени кај 205 GTi кога беше лансиран во 1984 година.

Во јуни 2025 година, за време на 24-часовната трка Le Mans, беше претставен Peugeot E 208 Gti нудејќи исклучително задоволство при возењето и елеганција, како и најдобри перформанси во својот сегмент благодарение на неговите 280 коњски сили.

Во пресрет на својата „GTi година“, Peugeot оди чекор напред во изразувањето на својата француска харизма со усвојување на сосема нов GTi изглед за тркачките автомобили PEUGEOT 9X8s #93 и #94, кои се натпреваруваат во Светското првенство на издржливост за 2026 година.

Воедно, целиот тим на PEUGEOT TotalEnergies го усвојува овој нов изглед за сезоната 2026, со различни толкувања применети на тркачките одела на возачите, тимската облека и друго. Секоја нова површина добива нова интерпретација на дизајнот и изгледот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER