Peugeot 9X8 – Првиот круг на Монца!

9X8=1000

Не помина една година од претставувањето на тркачкиот концепт и веќе неговата натпреварувачка верзија пристигна со евидентни модификации. Воочливи се заоблените агли поради аеродинамичната ефикасност и согласување со правилата на новата класа на хиперавтомобили. 9Х8 треба да ја врати славата на Peugeot во натпреварите во издржливост, но годинава ќе биде пропуштена кралицата на дено-ноќните трки, „24 часа ЛеМан“. Пропуштен е и големиот заден спојлер затоа што тестовите на патека покажаа дека податоците добиени во симулациите се во согласност на реалните услови, па на скоро пет метри долгата школка не и е потребно крило што ќе го зголемува потисокот на воздухот. На патеката Портимао болидот го претстави Линда Џексон која со видна доза на возбуда и ентузијазам го означи влегувањето на Peugeot во WEC (World Endurance Championship). Лидерот на компанијата изјави дека не се плаши од конкуренцијата, ниту пак од звучните имиња што ќе се придружат на шампионатот во следните две години. Како што изјави, тоа ја радува и ќе допринесе во забрзувањето на развојот и издржливоста на хибридните технологии. Тоа го потврдува масата на болидот од само 1.030 килограми во која се сместени два мотори. Едниот е 2,6 литрен V6 би-турбо бензинец со 710 КС кои се пренесуваат на задните тркала. Peugeot 9X8 има погон на сите тркала, а за погонување на предните задолжен е електро-мотор од 200 kW што значи дека вкупно има 1.000 КС! Не случајно за почеток на сезоната е прескокнато 24 часовното бркање по ЛаМан. Во досегашниот циклус на тестирање поминати се повеќе од 10.000 километри во 25 дена на различни патеки. Повеќе од јасно е дека тимот на „францускиот лав“ не сакаше да ризикува да излезе премногу рано на легендарниот маратон. Така, своето деби ќе го направи на осум часовната трка на Монца која ќе се одржи во јули. Доцниот старт на сезоната ќе овозможи идеална калибрација на болидот и посадата за да настапат во полна форма во јуни 2023 година. Возачаката постава ја сочинуваат искусни возачи собрани од различни шампионати, а повторно ќе ја цитираме Линда Џексон која вели дека влегувањето во Светскиот Шампионат во издржливост е потврда на децениската пасионираност на Peugeot за авто спортот. Меѓу тоа, натпреварите ќе бидат тест полигон за испитување на технологии што можат да се користат во патничките возила, особено за употребување на вештачка интелигенција за менаџмент на испораката и собирањето на енергијата во услови на забрзување и сопирање. Иако 9Х8 сé уште нема дебитирано на трка инженерите на Peugeot неговата хибридна технологија веќе ја имплементираа во сериски модел, купе-лимузината 508 Рeugeot Ѕport Еngeneered!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER