Подигнат на второ ниво
Со повеќе „карактерни“ надградби ажурираниот 508 ја продолжува својата младост
Со поизразени заби и канџи кралот на чопорот од Шанзелизе ќе дебитира во јуни за да го продолжи својот успешен пат во средната висока класа на возила.
Во деценијата кога владеат спортско корисни возила и моноволуменски форми Peugeot 508 останува доследен на лимузинската форма со две каросериски форми, три верзии и исто толку нивоа на опременост. Веднаш воочлива е новата маска на предниот дел со рељефна форма, врамена со новите потесни предни LED светла. Кога сме кај маската на ладилникот треба да нагласиме дека за моќната РЅЕ изведба таа има поинаков отпечаток, адекватен на спортските перформанси што ги пружа.
Значајна новост е трансформацијата на препознатливите вертикални „очњаци“ кои сега наместо една, добија по теркот на задните светла, три светлосни линии. Елегантната контура делува далеку по спортски и, со споменатите маркантни визуелни цитати, уште повеќе ја нагласува купеовската форма. За практичната караванска каросерија, барем на сликата се забележува, дека не отстапува од динамичниот впечаток што го задава лимузинската каросерија.
Двете каросерии добиваат нови браници, избор на нови седум бои, а сите тркала се со пет краци. За оваа прилика освежен е интериерот со надградени материјали и збогатена опременост. Општо прифатениот i-Cockpit ја прославува својата декада во служба на Peugeot. Со обновената 508-ка ќе доаѓа со ажурирани оперативен, инфозабавен и системите за асистенција. На списокот се Night Vision, систем за предупредување на возачите за какви било каква пречка во коловозната лента, на ова се надоврзува полуавтономно возење на ниво 2, кое се состои од адаптивен темпомат со функција за потполно сопирање и повторно тргнување, и помош за држење на коловозната лента.
За движењето се задолжени познатиот бензински или дизел мотор на групацијата Stellantis од 130 коњи. Обезбедени се два приклучни хибриди. На познатиот од 225 коњи добиени преку 1,6 турбо бензинец и електро мотор му се придружува и верзијата со намалена сила со 180 КС. Иако беше под голем знак на прашање, посветеноста на марката кон автомобилскиот спорт во живот ја одржа врвната изведба 508 PSE (Peugeot Sport Engineered) со 360 КС и погон на сите тркала. Премиерата на рестилизираната верзија е закажана за јуни, по што ќе биде достапна на сите пазари со различна динамика.


