Peugeot 508 :: Женева, Скопје, Париз…

Женева, Скопје, Париз…

Пред да осамне во Париз како моќна домашна премиера, новиот Peugeot 508 пристигна во Македонија
Објавено на 26 септември 2018 година

Го виде пролетта публиката во Женева, а онаа во Париз допрва го очекува – македонските купувачи во тој поглед се привилегирани бидејќи новиот Peugeot 508 веќе пристигна кај нас. Овој автомобил не е само нова генерација на веќе познат модел – тој е многу повеќе од тоа бидејќи означува почеток на една нова ера на Peugeot во која неговите возила ќе бидат многу блиску до премиум моделите. Тоа се гледа веќе на прв поглед – агресивниот дизајн недвосмислено ја покажува моќта на новата француска лимузина. Покривот кој купеовски се спушта и стаклата на вратите без рамки укажуваат на големите амбиции што ги има, кои ќе ги остварува и со најновите електронски помагала кои возењето го прават побезбедно, а животот на возачот и патниците порелаксиран.

Атрактивноста продолжува и во ентериерот, каде амбиентот создаден со квалитетните материјали и напредни технологии се искачува далеку повисоко отколку што можеби се очекува. Таква е и техниката – EMP2 платформата на групата, двата турбо бензински мотора со 180 и 225 коњски сили и трите дизела со 130, 160 и 180 коњи. Интересна опција е новиот 8-степен автоматски менувач, а и цената ќе му биде интересна. Продажбата на новиот Peugeot 508 во Македонија ќе започне на крајот на декември или почетокот на јануари.


Peugeot 508

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER