Французите сакаат посилно да удрат на конкуренцијата
По правило, провокациите на пазарот успеваат. Но не секогаш, заради што ретко кој од големите се осмелува да направи некој порадикален чекор. А токму такво нешто подготвува Peugeot кој иако има добра гама не може да се пофали со пазарни резултати кои таа има потенцијал да ги донесе. Затоа и се подготвува голема трансформација на моделската понуда која ќе ја предводи еден од нивните најважни модели, 308. Тој според шпекулациите кои се сé погласни треба да доживее метаморфоза и од класичен хечбек да премине во повишен фастбек, спојувајќи ги динамичноста и ефикасноста на класичните автомобили со атрактивниот став кој последниве години донесе планетарен успех на SUV возилата. Со други зборови, да стане помал брат на 408. Токму тој е најдобар доказ дека купувачите на марката се отворени за експерименти.
Колку има вистина во ова можеби ќе дознаeме доста бргу, на салонот на автомобилите во Париз закажан за октомври.


