Сите лавови на штекер!
Во првата половина на 2023 година, сите модели на Peugeot ќе бидат достапни со електрични мотори…
Следната година во портфолиото на Peugeot ќе има најширокиот „е-избор“ во Европа со многу нови модели и технологии. Од електрични велосипеди до комерцијални возила, е-скутери и патнички автомобили, францускиот лав ќе ги понуди одговор на сите потреби за електрична мобилност и ќе направи чекор напред кон својата цел да понуди 100% електрични модели во Европа до 2030 година.
Воведувањето нови хибридни погонски единици од почетокот на 2023 година, првично на популарните кросовери 3008 и 5008, а потоа ќе се прошири технолошката понуда, додавајќи нови 100% електрични решенија за батерии кај e-208 и e-308 и е-308 SW. Со ова компанијата ќе биде меѓу првите европски производители што ќе понуди 100% електричен караван автомобил со новиот моќен електричен мотор кој развива 115 kW.
Заокружувањето на понудата на BEV се комплетира со престојниот е-408 ќе го заокружи 100% електричен асортиман на Peugeot од најмалите модели како e-208, преку е-Traveller вклучувајќи ги и e-2008, е-308, е-308 SW и e-Rifter. Лидерот во продажбата на електричната гама ќе остане е-208 кој добива ист мотор како поголемиот е-308 па неговата моќност ќе се зголеми за 15%, со зголемување на опсегот за 10,5%.
Електричната флота ја сочинуваат добро познатите PHEV верзии на 308 и 308 SW со две нивоа на моќност, 180 или 225 КС со електрична автономија до 60 километри. Тука се бројуваат кросоверот 3008 и лимузината и караванот 508 или спортскиот РЅЕ дериват со 360 коњи и погон на 4 тркала. Истата технологија е применета кај хиперавтомобилот Peugeot 9X8 hybrid, кој се трка во светскиот шампионат на долги патеки (WEC) од јули годинава.
Голема надеж се полага во пионерската технологија на водородни горивни ќелии, засега наменета за доставните возила за верзиите на e-Expert Hydrogen чија предност е во намаленото време на полнење на неговиот резервоар за водород од само 3 минути!
Електричната мобилност е наменета и за возила на две тркала што го носат амблемот на лавот, а првиот од нив ќе биде 100% електричен скутер e-Streetzone со дострел до 112 km во верзија со две батерии и во ECO режим на возење.
На крај од списокот е марката Peugeot Cycles која ќе понуди палета од шест електрични велосипеди прилагодени за сите намени, од секојдневниот градски сообраќај до возење на пат, вклучително и теренско возење.