Peugeot – Нова потрага по Allure Copy

Моќта на фотографијата

Во својата визија за иднината Peugeot вметнува стил, креативност и амбиција.

Сакајќи да покаже дека зад користењето на силните зборови стои поголема цел, а не само рекламна фраза, Peugeot покренува лавина активности тоа да го покаже. Соработката со познати креатори и уметници ја оформува рамката на трите силни зборови што лавот од Елисејските полиња ги користи за да ја избистри сликата за својата визија и патот што го трасира кон иднината. Emotion, Allure и Exellence добиваат нова форма материјализирана низ дела. Новиот проект започнат со водечкиот светски издавач  и дистрибутер на уметнички фотографии YellowKorner опфати пет врвни фотографи кои ќе допринесат во потрагата по Allure (привлечност).

Концептот на Allure е многу повеќе од израз на извонреден дизајн. Тоа е, исто така, состојба на умот, став и однесување што оди многу подалеку од обичен изглед. Peugeot сака да ја промовира оваа оптимистичка визија и да стане вистински „Allure activist“. Затоа секој од петте реномирани фотографи ќе направи по 15 фотографии на разни локации низ светот, а на три од нив ќе учествува модел на Peugeot по избор на самиот уметник. Мароко, Кенија, Тоскана, Ланзарак па се до предградијата на Париз ќе бидат отворените студија на фотографите. Делата ќе бидат изложени од октомври на веб-страната YellowKorner секој ќе може да ја види визуелизиацијата на привлечноста раскажана низ објективот на врвните фотографи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER