Потполна електрификација
Со воведувањето на новоразвиениот благ хибриден систем во 3008 и 5008, сите модели целата гама станува електрифицирана
Патот до потполно електрична гама на Peugeot напола е изоден. До производството на исклучиво ЕВ, цел зададена да се оствари до 2030 година, францускиот лав успешно ја исполнува и од вториот квартал годинава сите модели ќе бидат електрифицирани.
Популарните 3008 и 5008, први во групацијата Stelantis, ќе го понесат новоразвиениот 48 волтен умерен хибриден систем, а за негово имплементирање направени се темелни подготовки. Улогата на основен двигател ја превзема новоразвиениот трицилиндарец од 1,2 литри со 136 КС (100 kW) кој го заменува досегашниот Puretech од 130 КС.
Од понудата ќе изостане и досегашниот автоматски осум степен менувач кој е заменет со, исто така, автоматски ново развиен шест брзински менувач со двојна спојка во кого е сместен и електричниот мотор од девет kW.
Така се обезбедува дополнителен вртежен момент при мали брзини на моторот и, како што тврдат развојните инженери на Peugeot, помага да се намали потрошувачката на гориво до 15 проценти или до еден литар на изминати 100 километри.
Покрај тоа најавено е дека во градскиот циклус на возење ќе може да се вози чисто електрично повеќе од половина од времето, а просечните емисии на CO2 ќе се намалат за 20 грама на километар. Овие модификации проследени се со адекватни сигнализатори на модерниот i-Cockpit.
Дигиталниот дисплеј покажува 100% електрично возење (брзиномер во сина боја), протокот на енергија во системот, нивото на полнење на батеријата, неговиот статус на работење преку мерач на моќност (Charge, Eco, Power) и процентот на поминато растојание во електричен режим во секое време или на крајот од патувањето. Овој мотор наскоро ќе биде достапен во 208, 2008, 308, 308 SW и 408.


