Пополнувајќи ја празнината помеѓу компактниот 308 и неговиот водечки модел 508, оваа есен Peugeot ќе го лансира новиот 408.
Со новата серија 4 во моделската хиерархија, марката се враќа во средната класа единаесет години по завршувањето на производството на 407. Досега оваа комбинација на броеви беше достапна само во Кина, каде пред дванаесет години се појави 408 кој во меѓувреме е заменет со 4008. Европската верзија сега излегува на пазарот како динамично обликуван теренец, и, според кратката најава, е наменета за возачите на кои возилото им е задоволство. Според не потврдените информации новиот 408 ја користи групната платформа EMP2, која се користи и во Peugeot 308 и Opel Astra, а ќе се произведува заедно со компактниот 308 во Мулуз. Веројатно нема да има изненадувања кога станува збор за погоните и ќе бидат регрутирани веќе познатите мотори, бензинецот од 1,2 литри со 130 КС и веројатно ќе биде опфатен 1,5 литарскиот четирицилиндричен дизел со 130 КС. Ќе има две плагин хибридни варијанти со 185 КС и 225 КС. Благодарение на батеријата од 15 kWh електричниот домет треба да биде околу 50 километри. Благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,80 метри и должината од околу 4,70 метри, 408 излегува на пазарот со дарежлив простор. Компанијата планира да објави повеќе детали на крајот на месецот. Целосно електричниот 408 најверојатно ќе биде во дилерствата до 2024 година. Благодарение на подобриот простор, Peugeot веројатно ќе може да користи и поголема батерија од 308 така што опсегот ќе биде околу 400 километри.