Peugeot товарна гама » Од професионалци за професионалци

Од професионалци за професионалци

Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци

Објавено на 1 ноември 2019 година

Комерцијалните возила од гамата на Peugeot допринесуваат за успешно и ефикасно работење на многу компании од многу сегменти, како што се дистрибутивни компании, производители на прехранбени производи, трговци со бела техника, мебел, фармацевтски компании, компании од енергетиката, телекомуникациски, услужни дејности, јавни институции, министерства и државни органи. Согласно потребата за која намена е возилото, истите може да бидат со различен волумен, различна носивост, облик на каросерија, број на седишта… Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, кое сака да биде економично, корисно, безбедно, комфорно, може да се обрати во Еуроимпекс, заедно со овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на барањата.

Затоа, во соработка со ПроКредит банка е креирана финансиски најисплатливата понуда со која комерцијалното возило на годината Peugeot Partner со 1.5 BlueHDi мотор со 75 KS и цена од 13.500 евра со вклучен ДДВ може да се добие со учество од 20% (или пак 0% по избор на клиентот), камата од 5% и период на отплата од 5 години, со месечна рата од 205 евра. Условите за кредитирање се одредени од страна на ПроКредит банка. За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте со тимот на ПроКредит Банка.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER