Живуркајќи некако после пандемијата, салонот на автомобилите во Париз повторно го враќа својот сјај во голем стил
Портите на автомобилскиот мондиал ќе бидат отворени од денеска. За седум дена колку што ќе трае се очекуваат низ нив да поминат повеќе од половина милион посетители кои за тоа ќе платат по 22 евра. Нив ќе ги пречека огномет од новитети подготвени од стотината изложувачи меѓу кои 60 производители на возила. Најголемиот интерес секако ќе го привлечат домашните – скоро секоја марка на Stellantis има подготвено концепти, а и во групата Renault се потрудија. Германците ќе бидат делумно присутни откако BMW заедно со Mini се откажа од настапување, а Јапонците традиционално не се многу заинтересирани за Париз. Но затоа од Кина ќе допатуваат многу имиња – ги избројавме дваесетина.
Следете нé, ќе се потрудиме најверно да ви ја доловиме автомобилската магија од градот на светлината.


