Ова е новиот Audi A1
Малку предвреме, се појавија фотографиите на новиот Audi A1
Објавено на 18 јуни 2018 година
Најавувајќи го, но не објавувајќи воопшто кога Audi A1 ќе биде претставен, Германците сакаа да ја задржат атмосферата на работ на точката на вриење пред да го покажат. Но идејата што ја подгреваа со серија најавни фотографии кои не покажуваа ништо им ја расипаа неименувани „уништувачи на забави”, до кои којзнае од каде но сепак од официјално место пристигнаа првите фотографии на новиот градски мини на марката од Инголштат. На нив јасно се гледа новиот дизајн кој е поблизок до оној на Q2. На располагање ќе биде само со пет врати, со не така широка палета бензински мотори – од 1,0 литарскиот трицилиндричен агрегат со 115 до дволитарскиот S1 со 250 коњски сили. Меѓу нив треба да се најде новиот 1,5 литарски турбо со 150 коњи, а ќе постои и верзија со погон на природен гас. Се споменува и 4×4 погон, како и RS1 варијанта со 2.0 TFSi мотор со 310 KS. Останува да се види каква ќе биде понудата на дизели.
За разлика од сегашната генерација на А1 која се прави во Брисел, идниот модел ќе се произведува во Seat-овата фабрика во Марторел.