Opel Zafira – Crosscamp

Големиот простор што го нуди ѝ даде нова улога на Opel Zafira, овој пат како камперско возило

Специјалистите од германската компанија Crosscamp ја трансформираа Zafira од многунаменско возило за превоз на луѓе и роба во возило за одмор и рекреација. Раскошните внатрешни димензии на 4,95 метри долгата Zafira дозволија нејзина трансформација во дом на тркала во кого се содржани сите неопходни елементи за непречено живеење.

Crosscamp Urban Camper Full има пет седишта, но лесно се трансформира во кампер за семејни одмори. Во внатрешноста е сместен кујнски блок кој има интегриран мијалник со капацитет од по 10 литри за свежа и отпадна вода. Плинскиот шпорет со два горилници се напојува со плинска боца од 2,8 килограми.

Плакарот, мрежата под мансардата за спиење и шкафот на задниот покрив ги комплетираат стандардните опции за складирање. За да се олеснат малите дневни задачи има мултифункционална маса, а електронските уреди може да се поврзат преку четири приклучоци од 12 волти и уште три штекери од 230 волти. Клупата за седење може да се рашири за да формира лежечка површина од 114 x 199 сантиметри.

Достапни се две дополнителни лежаи директно во „скокачкиот“ покрив што се добива стандардно со Crosscamp. Креветите се 120 x 200 сантиметри а погледот го обезбедуваат три панорамски прозорци на покривот. Останува само да ја одберете вашата маршрута за ова лето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER