Руселсхајм е местото каде треба да се биде на 8 јуни
Opel во своето седиште во Руселсхајм со „отворен ден“ ќе ја прослави годишнината од почетокот на производство на автомобили која започна со моделот Opel-Patentmotorwagen System Lutzmann. Од тогаш Opel произведе повеќе од 75 милиони возила. Под мотото на годишнината „Од 1899 година, секогаш фокусирани кон иднината“, клиентите, вработените и јавноста, како и почесните гости од политиката и Stellantis, ќе можат да ги погледнат автомобилските пресвртници во историјата на Opel. Низ обиколката во фабриката, посетителите ќе имаат прилика можат да „ѕирнат зад сцената“ или да го искусат Opel одблиску на патеката со Corsa Rally Electric или Rocks Electric.
Својата голема прослава Opel ќе ја зголеми со одбележување наа уште еден голем јубилеј. Во 1964 година, повторно на 8-ми јуни, „Opel Design Studio“ започна со работа како прв дизајнерски центар за автомобили во Европа. Извршниот директор на Opel, Флоријан Хутел изјави: „125 години производство на автомобили во Opel.
Ние нѐ само што сакаме прикладно да ја одбележиме оваа годишнина со нашите гости, туку и да покажеме како Opel отсекогаш помагал и се прилагодувал на постојаните промени во автомобилската индустрија. Opel и некогаш и сега е фокусиран да чекори кон иднината. Оваа сабота, новата Opel Frontera и новиот Opel Grandland ќе ја имаат својата премиера пред јавноста токму овде во седиштето, во срцето на Opel.
Со овие нови модели, од оваа година па натаму, на нашите клиенти ќе им понудиме целосно електрична верзија од секој еден модел на Opel. Сето ова го одразува нашето јубилејно мото „Од 1899 година, секогаш фокусирани кон иднината“.