Opel – Нова акција

Македонија

Резервирај го своето возило сега!

Во намера да го спречи застојот на испораки, Опел предлага навремена резервација

Глобалните предизвици направија големо пореметување на производството и продажбата на возилата. Со цел да го олесни пристапот на своите возила Опел преку својот регионален увозник Еуроимпекс почна да ја спроведува акцијата „Opel Blitz гама. Резервирај го своето возило сега!“, со цел да ги мотивира своите клиенти за навремена резервација на своето Opel возило. Понудата се однесува на патнички и комерцијални возила со сите погони што се во понудата на „Молњата од Руселсхајм“, а тоа се со внатрешно согорување, електрични возила и plug-in хибридни модели. Комерцијалната гама е исто така достапна за нарачка и во 100% електрична верзија. За повеќе информации за цени, достапност и начин на порачување обратете се во салонот на Opel и дилерската мрежа или посетете ја веб страницата www.opel.com.mk