Во Opel започнаа да паѓаат првите жртви на одложената електрификација – промената на стратегијата ги скрати плановите за враќањето на Manta. Најавите за лансирање на овој модел проследени со концепт во 2021-вата со голема радост беа дочекани од ентузијастите и љубителите на марката и нејзините вечни вредности.
Но сето тоа сега е ставено на чекање иако од компанијата официјално имаат потврдено дека веќе се направени дизајнерски модели како предлози за изгледот на идното електрично купе. За жал реализацијата на овој проект сега ќе мора да почека некои подобри времиња, најмалку до 2030-тата бидејќи среднорочните приоритети даваат предност на некои други модели.


