Opel Insignia – Во пензија по скратена постапка!

Нема електрификација, нема иднина

Opel предвреме го прекинува производството на својот знаменосец Insignia во фабрика во Руселсхајм. Во 2020 година, последната серија со GM технологија доби дотерување, а сега прави простор за компактни модели. Ова го потврди портпаролот на матичната компанија на Opel, Stellantis. Од 2017 година, Opel го испорачува автомобилот од средната класа исклучиво со мотори со согорување, а  неговата платформа не предвидува електрификација. Редовен крај на периодот на производството на Insignia би се очекувал во 2024 година. Сепак поради транзицијата во чисто електричен бренд до 2028 година и се подготвува да лансира неколку најсовремени електрични модели, вклучително и иден знаменосец. Како резултат на регулативите за CO2 и фокусот на брзото засилување на новите мулти-енергетски модели во Руселсхајм Astra и Astra Sports Tourer, па место за класични погони има сè помалку. Opel смета дека прекинот на производството на Insignia со неелектризираната платформа ќе го фаворизира засилувањето на производството на Astra. За сега нема никакви најави за наследникот на популарната лимузина, но компанијата најави дека електричните варијанти ќе бидат понудени во сите модели од 2024 година. Тоа значи дека ќе има наследник во сегментот D, но цели две години нема да има адекватна замена. Во 2024 година веројатно повеќе нема да има големи седани на Opel, туку како најголем модел треба да се очекува SUV или кросовер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER