Opel GSe – Oживување на стара кратенка

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Јасно како молња!

Во не толку далечни времиња кај молњата од Руселсхајм трите букви GSЕ порано значеа Grand Sport Einspritzung (Grand Sport Вбризгување)  и привилегија да ги носат имаа само моделите со нагласени спортски карактеристики и богата опременост. Беџот први ги понесоа Commodore GS/E и Monza GSE. Во ерата на електрификација Opel одлучи да ја врати во игра кратенката, за оваа пригода, модифицирана и со мала буква „е“.

Со ова се означува новата спортска електрична подмарка на компанијата. GSe во иднина ќе значи Grand Sport electric. Таквиот потег се очекуваше уште минатата година кога беше претставен изложбениот примерок Manta GSe со електричен погон. Изработен врз основа на легендарната Manta од 1970 година, доби неопходни измени во поглед на дизајнот за модерното време и електричниот погон. Улогата на изложбената  Manta-e Gse е само ревијална, а како всушност ќе изгледа првиот сериски, потполно електричен, Opel GSe останува да видиме.

Во моментов знаците укажуваат на спортски кросовер, кој би можел да го добие старото моделско име Manta, а веројатно ќе биде со димензии приближни на актуелната лимузина Insignia. Електричната иднина на Opel е одредена, а таа ќе биде реализирана до 2024 година. До тогаш, без оглед дали станува збор за патнички или лесни комерцијални возила, сите ќе бидат електрифицирани. На пазарот Opel нуди 12 електрифицирани модели, од plug-in хибриди како Grandland и Astra до целосно електрични возила со батерии од шармантната Corsa-e до Zafira-e Life. Нив им се придружија Combo-e Cargo и комбето Movano-e.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER